230 винилни изданија (самостојни и заеднички), на македонски артисти и бендови. Околу 70 винилни изданија (компилации) на кои се застапени теми/песни/траки на македонски артисти и бендови. Единствена можност да уживате во повеќе од 1.500 фотографии во боја (комплетни обвивки на погоре споменатите грамофонски плочи (винили)), но и многу информации за самите изданија – еден дел официјални, но и голем дел од нив досега непознати за јавноста. Жанровски, монографијата ги претставува винилните изданија со рок, џез, блуз, електроника, хип-хоп, светска музика, поп-рок, панк, хеви-метал, реге, ска, фанк, соул и тн., музика која ја создаваат македонски музичари и бендови“.
• A4 формат
• тврд повез со обвивка
• колор принт
• приближно 500 страници