За Нас
До Ре Ми
До Ре Ми е претпријатие за трговија, увоз и извоз на музички инструменти и проаудио опрема и е единствен овластен дистрибутер на асортиманот за Јамаха производите, со многубројни сертификати за успешно раководење на фирмата и долгогодишно искуство во задоволување на потребите на граѓаните при продажбата.
Фирмата постои од 1988 година, лоцирана во просторот на МКЦ- Кеј Димитар Влахов бр 15, Скопје.
Безбројно е учеството на До Ре Ми при посредништво во снабдувањето со музички инструменти и опрема од Јамаха и други брендови на голем број основни и средни училишта, како и на универзитети, но и на многубројни сценски изведби на светски изведувачи и учесници на манифестации од типот на Скопски џез фестивал, Рок фест, Мак фест и многу други.
Голем број познати македонски уметници се наши соработници и користат Јамаха инструменти: Бодан Арсовски, Калиопи, Влатко Стефановски, Кокан Димушевски, Зоран Џорлев и уште многу други, а Јамаха инструменти користеа и Гоце Димитровски, Тодор Проевски.