За нас

До Ре Ми

До Ре Ми е претпријатие за трговија, увоз и извоз на музички инструменти и проаудио опрема и е единствен овластен дистрибутер на асортиманот за Јамаха производите, со многубројни сертификати за успешно раководење на фирмата и долгогодишно искуство во задоволување на потребите на граѓаните при продажбата.

Фирмата постои од 1988 година, лоцирана во просторот на МКЦ- Кеј Димитар Влахов бр 15, Скопје. Нејзин управител е  Данаил Дарковски-Дарко.

Безбројно е учеството на До Ре Ми при посредништво во снабдувањето со музички инструменти и опрема од Јамаха и други брендови на голем број основни и средни училишта, како и на универзитети, но и на многубројни сценски изведби на светски изведувачи и учесници на манифестации од типот на Скопски џез фестивал, Рок фест, Мак фест и многу други. 

 Голем број познати македонски уметници се наши соработници и користат Јамаха инструменти: Бодан Арсовски, Калиопи, Влатко Стефановски, Кокан Димушевски, Зоран Џорлев и уште многу други, а Јамаха инструменти користеа и Гоце Димитровски, Тодор Проевски.

За подетални информации за почетоците и развојот на Јамаха посетете ги следните линкови:

 

   
About Yamaha
  

 

 

Powered By Vestel Sistemi Skopje
До Ре Ми © 2006-2017